- Компанија
- KLIN LIVING DOOEL (Clean Living)
- Адреса
- ул. Борис Кидрич 48, 1200 Тетово
- Лиценца
- бр. Уп08-17/3, Регулаторна комисија за домување
- Телефон
- 071 460 350
- Е-пошта
- info@cleanliving.com.mk
1. Што плаќате
Преку страницата ги плаќате месечните фактури на Clean Living за управување и одржување на вашата зграда. Не се продаваат производи и нема испорака: плаќате фактура за веќе договорена услуга.
2. Начини на плаќање
- со платежна картичка Visa или Mastercard, преку cPay (копчето „Плати онлајн“ во вашиот профил или на страницата Плати сметка);
- во банка или пошта, со податоците од фактурата.
Сите износи се во македонски денари (МКД).
Провизија: за секое плаќање со картичка се наплатува провизија од 2,4% од износот на фактурата, заокружено на цел денар, која се додава на износот на фактурата. Провизијата и вкупниот износ се прикажуваат пред плаќањето.
3. Потврда за плаќање
По успешно плаќање со картичка, потврдата веднаш се прикажува на екран, со референтен број од cPay, а фактурата се означува како платена. Ако фактурата не се прикаже како платена, а износот е задолжен од вашата сметка, јавете ни се и ќе го провериме плаќањето.
4. Враќање на средства
Ги враќаме средствата кога:
- фактурата е платена двапати;
- е платена погрешна фактура или повеќе од износот на фактурата;
- картичката е задолжена, а плаќањето не е евидентирано кај нас.
Барање за враќање испратете на info@cleanliving.com.mk или јавете се на 071 460 350, со бројот на фактурата, датумот и износот на плаќањето. Барањето го решаваме во рок од 15 работни дена. Кога враќањето е поради двојно плаќање, погрешна наплата или наша грешка, се враќа целиот наплатен износ, заедно со провизијата. Средствата се враќаат на истата картичка со која е платено, во истиот износ во денари. Кога ќе се појават на вашата сметка зависи од банката што ја издала картичката (обично неколку работни дена). Ако се согласите, наместо враќање, износот може да се пресмета за следната фактура.
5. Откажување на плаќање
Плаќањето може да го откажете на страницата на cPay сè додека не го потврдите. Откажано или неуспешно плаќање не ја задолжува картичката. Успешно плаќање не може да се откаже, но може да се побара враќање на средствата како во точка 4.
6. Приговор на износот на фактурата
Ако не се согласувате со износот на фактурата, јавете ни се пред или по плаќањето. Ако приговорот е оправдан, фактурата ја исправаме, а разликата ја враќаме или ја пресметуваме за следната фактура.
7. Контакт
Clean Living, ул. Борис Кидрич 48, 1200 Тетово · 071 460 350 · info@cleanliving.com.mk · Понеделник–петок, 08:00–16:00